а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оксидира

оксидираат; оксидирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Се соедини, се соединува со кислород.
Англиски: oxidize Албански: oksidoj
Употреба: Хемија
Примери:
Тој хемиски елемент многу брзо оксидира.
2. За метал - направи, прави површинска заштитна обвивка од оксид.
Англиски: oxidize Албански: ndryshket
Употреба: Хемија
Примери:
Лажиците оксидирале.
3. Бојадиса, бојадисува коса во посветла нијанса.
Англиски: colour Албански: ngjyros flokun
Употреба: Ретко
Изведенки
оксидирање ср.
глаг. им.